1. Зошто да го поставам мојот труд на ДИСЦИПЛИНА?

Постојат повеќе причини за поставување на трудовите на Страната:
- Ги задржувате сите права на трудот,
- Финансиска корист, а цената ја одредувате сами,
- Рефенцирање/цитирање од други автори,
- Можност за соработка со поединци кои работат во иста област,
- Одличен начин за себе-реклама,
- Промовирање на себе и на своите трудови,
- Нема што да изгубите!

2. Како ќе знам дали и колку пати е симнат/купен мојот труд?

- Под секој труд ќе има бројач кој покажува колку пати е симнат трудот.

3. Дали може дополнително, откако ќе го прикачам трудот, да ја зголемам или намалам цената?

- Доколку Вие сте авторот, може цената на трудот да ја менувате во секое време.

5. Кој ги поседува авторските права?

- Авторските права остануваат во сопственост на авторите. „Дисциплина“ нема никакви права над поставените материјали на страната.

6. Колку добива „Дисциплина“ од секоја симната публикација?

- „Дисциплина“ не остварува никаков профит. Единствена сума која ја задржува од плаќањето на секоја симната публикација е за покривање на банкарските провизии. За детали кликнете на полето „За нас“.