Вовед

ДИСЦИПЛИНА посветува големо внимание на заштитата и зачувувањето на личните податоци на посетителите на нашата страна https://disciplina.mk (во понатамошниот текст: Дисциплина).
Кога вие, како посетител, ја пополнувате формата за регистрација, комуницирате со нашите вработени, ни доставувате одредени лични податоци или ја користите нашата веб страна, за одредени лични податоци кои се зачувуваат ние се обврзуваме дека ќе ги чуваме и користиме имплементирајќи ги стандардите поставени со прописите за заштита на личните податоци во Република Македонија, стандардите кои постојат во рамките на Дисциплина и останатите релевантни меѓународни стандарди.
Оваа Политика на приватност дефинира што се случува со личните податоци што вие ни ги доставувате или со податоците кои ние ги превземаме додека вие ги посетувате или користите нашите сервиси.
Ве молиме прочитајте ја оваа Политика на приватност внимателно за да разберете за која цел и на кој начин ние ги користиме и чуваме вашите лични податоци.
Доколку не се согласувате со условите и одредбите во оваа Политика, Ве молиме да не ги користите нашите сервиси.
Секоја идна промена на оваа Политика ќе биде поставена на оваа веб страна. Новата Политика ќе стапува во функција веднаш по поставување на истата на нашата веб страна.
Го задржуваме правото на промена на Политиката на приватност и безбедност на личните податоци во било кое време без претходна најава. Затоа, Ве молиме повремено прегледувајте ја оваа Политика.

Податоци кои ги собираме

При посета и користење на нашата веб страна, може да се запишат и процесираат следните податоци:

име и презиме, земја, град, поштенски код, адреса на живеење, e-mail адреса и телефонски број (при регистрација на посетителот за кориснички профил на Дисциплина);

податоци за вашата кредитна или дебитна картичка (потребни за процесирање на финансиски трансакции односно уплата на ваша сметка доколку некој од корисниците симнува некој од вашите трудови). Овие податоци се запишуваат и заради максимална безбедност се чуваат во енкриптиран формат. Собираме детали за секоја направена трансакција преку нашата веб страна од сите регистрирани корисници на Дисциплина;

податоци собрани преку “cookies” (за повеќе детали видете во секцијата за Cookies);

IP адресата на работната станица преку која пристапувате, најавувања, оперативен систем и тип на пребарувач;

информација за користењето на нашиот сајт вклучително и вашата посета на други страни од нашиот сајт и сервисите кои сте ги користеле.

Cookies

“Cookies” се текстуални фајлови кои ги користи пребарувачот во вашиот компјутер и се состојат од технички податоци во врска со сесијата на посетителот. Овие фајлови сами по себе не го идентификуваат индивидуалниот посетител и не го оштетуваат вашиот систем.
Дисциплина користи “cookies” за собирање на општи податоци кои ќе се користат понатаму за потребите на веб услугата односно планирање и подобрување на сервисите што ги нуди нашата компанија.
Дисциплина никогаш не собира и чува лични податоци во “cookies” (на ниту еден од компјутерите што ги користи) кои притоа може да бидат искористени за нарушување на вашата приватност.
Доколку не сакате да користите cookies, истите може да ги оневозможите преку сетирањата во вашиот пребарувач. Меѓутоа, имајте во предвид дека во тој случај, можно е да не ја добиете целата функционалност на сервисите на Дисциплина.

Користење на вашите податоци

Податоците кои ни ги доставувате во процесот на користење на нашите услуги се собираат и чуваат поради неколку причини:

За да ви овозможиме користење на нашите сервиси и евентуално процесирање на трансакциите согласно правилата на националните и интернационалните мрежи и индустриски стандарди;

За администрација на вашиот Дисциплина кориснички профил;

За идентификациони проверки, односно проверка и спречување на злоупотреба на личните податоци;

За подобрување на сигурноста на нашите сервиси и полесно детектирање на можни обиди за неавторизирани трансакции;

За известување на клиентите за одредени промени во нашите сервиси.

При процесирање на трансакцијата, а со цел за нејзина верификација, дел од личните податоци се разменуваат помеѓу Дисциплина и банките.

Безбедност на податоците

Безбедноста на вашите лични податоци е од најголемо значење и приоритет за нашата компанија.
Кога пристапувате или сте редиректирани на порталот на Дисциплина, севкупната комуникација е заштитена преку технологијата Secure Socket Layer (SSL) со 112bit-на енкрипциска заштита, сертифицирана од Thawte SSL CA.
Како и да е, заштитата на личните податоци може да биде ефективна само доколку и вие како клиент се однесувате согласно одредени безбедносни процедури.
Вие не смеете да ја дистрибуирате лозинката од вашиот кориснички профил на Дисциплина на други лица.
Дисциплина никогаш нема да Ви побара да испратите лозинка или други чувствителни информации преку e-mail, но може од Вас да побара да внесете некои од тие податоци на веб страната која секогаш има URL адреса што почнува со https://disciplina.mk.
Доколку добиете барање да ја доставите вашата лозинка, од лица кои тврдат дека се вработени во нашата Kомпанија, бидете сигурни дека барањето не е легитимно и не потекнува од нашата компанија. Во такви случаи Ве молиме да нѐ контактирате преку формата “Контакти” на нашата страна.

Чување на вашите лични податоци

Со цел да обезбедииме максимална безбедност на вашите лични податоци, ние ги превземаме сите можни чекори на заштита. Користиме повеќе безбедносни технологии и процедури кои придонесуваат за заштита на Вашите лични податоци од неавторизиран пристап, користење или откривање на истите.
Нашите вработени се обучени и запознаени со сите законски и безбедносни правила кои се однесуваат на заштитата на лични податоци и се обврзани да се однесуваат согласно истите.
Сите лични податоци кои ни ги доставувате вие, се чуваат на сервери до кои има строго дефинирани и ограничени правила за пристап и истите се лоцирани во високо безбедносни зони.

Откривање на вашите податоци

Ние не ги продаваме, разменуваме или изнајмуваме вашите податоци на други субјекти кои не се опфатени во оваа Политика, освен во следниве ситуации:

Личните податоци може да се откријат само во согласност со законските прописи наведени во регулативата за заштитата на личните податоци како и останатата важечка регулатива;

За заштита или редуцирање на ризикот од одредени типови на злоупотреба при користење на вашата платежна картичка;

Доколку Банка клиент – обработувач на лични податоци побара дел од личните податоци заради разрешување на сомнителни и спорни трансакции.

Вашите права во однос на податоците што ги собираме и чуваме

Како регистриран корисник на Дисциплина, вие ги имате следниве права:

Увид до вашите податоци кои вие сте ги доставиле до нас и промена на истите доколку е потребно;

Увид во тоа колку пати е погледнат вашиот труд односно колку пати е симнат;

Деактивација на вашиот профил на ваше барање.

Веб-страни на трети лица

На нашата веб страна може да наидете на веб-страни на трети лица со кои имаме воспоставено меѓусебна соработка. Ние не ја контролираме содржината или врските кои се присутни на тие Страни и не сме одговорни за постапките на вработените од страните кои се поврзани кон или од нашата страна. Дополнително, наведените страни или сервиси, вклучувајќи ги содржината и врските, може постојано да се менуваат. Наведените страни или сервиси може да имаат сопствени Политики за приватност на нивните веб-страни.
Вие како посетител сте обврзани да ги прочитате Политиките на приватност на соодветните страни пред да решите да испраќате дел од вашите лични податоци.

Контакт

Доколку имате одредени прашања, коментари или барања кои се однесуваат на Политиката на приватност на Дисциплина, ве молиме да не контактирате преку секцијата “Контакти” на нашата веб страна: https://disciplina.mk