Правила и услови за користење на веб-страната ДИСЦИПЛИНА (Правила)

Добродојдовте на веб-страната на ДИСЦИПЛИНА, на https://disciplina.mk (во понатамошниот текст Страната). Овде може да се запознаете со Правилата и условите под кои може:

Да ја користите веб-страната на ДИСЦИПЛИНА,

Да се регистрирате како Корисник на Страната,

Да купувате, а ние да Ви доставуваме или да Ви овозможуваме пристап до одредени Материјали (дефинирани подолу) на Страната,

Да ги користите Материјалите.

Ве молиме внимателно да ги прочитате Правилата пред да започнете да ја користите Страната, да прикачувате материјали или содржини и/или пред да купите/симнете било какви Материјали од ДИСЦИПЛИНА. Потребно е да разберете дека користењето на Страната, прикачувањето на било каков материјал или содржини и/или порачувањето на било какви Материјали од ДИСЦИПЛИНА значи ваше прифаќање на Правилата односно дека се согласувате со Правилата и условите за користење на Страната.
Ако се регистрирате на страната, добивате можност да ја персонализирате услугата која ќе ја добиете од ДИСЦИПЛИНА, во поглед на Материјалите. Регистрацијата е задолжителна за да добиете пристап до Материјалите кои не се слободни односно да порачувате од ДИСЦИПЛИНА.
Можете да станете регистриран корисник ОВДЕ.

Пристапување кон Страната

Пристапот до страната е ограничен само за лица постари од 16 години. Било кое лице кое нема наполнето 16 години може да ја користи Страната ако е придружувано од страна на полнолетно лице.
ДИСЦИПЛИНА се обидува да обезбеди постојана 24-часовна достапност и функционирање на веб-страната. Како и да е, можни се повремени прекини во пристапноста до Страната и ДИСЦИПЛИНА го задржува правото да ја повлече или да ја измени услугата која ја пружаме, без претходна најава. ДИСЦИПЛИНА не сноси никаква одговорност ако од било која причина Страната е недостапна, во било кое време и во било кој период.
Една од нашите цели е да ја ажурираме нашата страница редовно и во таа насока можно е повремено да ги менуваме Материјалите, но и видот на претплата/регистрација потребна за да се пристапи до материјалите. Ако се појави потреба, ДИСЦИПЛИНА може да го суспендира пристапот до Страната или да ја затвори трајно.
Корисниците се одговорни за сите неопходни подготовки кои ви се потребни за да имате пристап до Страната и Материјалите, вклучително и набавка и инсталирање на софтвер, хардвер, интернет конекција и телекомуникациска опрема. ДИСЦИПЛИНА не сноси никаква одговорност доколку трето лице би пристапувало кон Страната преку вашата интернет конекција и вашата сметка, без истото да е свесно и запознато со Правилата и Условите за користење на Страната. Во тој контекст, ваша е одговорноста за секоја електронска комуникација и содржина која би била испратена од вашиот компјутер кон нас.

Вируси, хакирање и останати престапи

Не смеете да ја злоупотребувате Страната преку намерно внесување на вируси, Тројанци, црви или било каков материјал којшто е злонамерен или технички штетен. Не смеете да се обидувате да остварите неовластен и неавторизиран пристап до Страната или до било кој нејзин дел, серверот на којшто се наоѓа Страната, или било кој сервер, компјутер или база на податоци која што е поврзана со Страната. Не смеете да ја напаѓате Страната преку DoD напади или пак дистрибуирани DoD напади.
Со правење на било која од наведените активности, би направиле кривично дело, согласно важечките законски одредби во РМ. Секое прекршување на горенаведено ќе биде пријавено на соодветните институции за заштита и спроведување на законот, а соработката на ДИСЦИПЛИНА со наведените институции би подразбирало и откривање на вашиот идентитет. Во случај на вакво прекршување на Правилата и Условите, вашиот пристап до Страната ќе биде трајно одбиен.
Ние нема да бидеме одговорни за било каква загуба или штета предизвикана од дистрибуиран DoD напад, вируси или друг технички штетен материјал кој би можел да ја инфицира вашата комјутерска опрема, компјутерски програми, податоци или било каква друга штета која би била предизвикана од вашето користење на Страната или поради вашето превземање на било каков Материјал кој се наоѓа на неа или пак на било која веб-страница поврзана со неа.

Поврзување со Страната

Можете да се поврзете со нашата главна страница, главна страница на списание или страница на некоја статија или труд преку некоја од нашите алатки за поврзување, но не за комерцијални потреби. Поврзувањето мора да биде на начин кој е легален и не и штети на нашата репутација односно не ја искористува или злоупотребува нашата репутација. Не смеете да се поврзувате на начин што би навел на било каква асоцијација, одобрување или поддршка на било кој дел каде што таква поврзаност не постои и каде таквото поврзување би направило дел од Материјалите достапни на трета страна која на друг начин не би имала слободен пристап (на пр. преку правење на некоја содржина која е наменета само за претплатници, достапна на лица кои не се претплатени).
Страната не смее да биде врамена на било која страна. Го задржуваме правото да ја повлечеме секоја дозвола за поврзување без претходна најава.

Линкови на Страната

Онаму каде што има линкови на Страната кои Ве поврзуваат со други страни или ресурси обезбедени од трета страна, истите се само за ваша информација. Ние немаме контрола врз содржините на овие страни или ресурси и не превземаме никаква одговорност за нив или пак за настаната штета или загуба која би била резултат од нивно користење.
Материјалите на страната може да не бидат ажурирани, во било кое време, па иако Страната се обидува да ги ажурира Материјалите од време на време, немаме обврска да го правиме тоа.

Надомест на штета

Се согласувате да и надоместите на ДИСЦИПЛИНА за секоја потрошувачка, побарување, оштета/штета или трошок кој би можел да настане поради вашето користење на Материјалите според/спротивно на Правилата, а побарани од ДИСЦИПЛИНА од страна на друго лице/трета страна.

Податоци за вас и за вашите посети на Страната

Ние ги процесираме информациите/податоците за вас согласно нашата Политика за приватност. Со самото користење на Страната, се согласувате со наведеното и гарантирате дека сите податоци доставени од ваша страна се точни.

Интелектуална сопственост и пристап кон Страната

a) Интелектуална сопственост

ДИСЦИПЛИНА нема интелектуална сопственост над било кои содржини кои ќе бидат прикачени на Страната. Авторот ги задржува авторските права на трудот односно Материјалите кои ќе бидат поставени на Страната. Само авторот на трудовите смее истите да ги прикачува на Страната. Забрането е прикачување на било какви Материјали од друга сметка, освен таа на авторот на трудот.

б) Станување на регистриран корисник и употреба на лозинка

Пристапот до одредени делови на Страната ќе биде ограничен само за регистрирани корисници. Можете да станете регистриран корисник ОВДЕ. Ниедна апликација за добивање на статус на регистриран корисник нема да биде прифатена и важечка доколку не добиете писмена потврда од страна на ДИСЦИПЛИНА, преку вашата електронска пошта. Го задржуваме правото да ја одбиеме секоја апликација која ќе ја добиеме.
Доколку вашата апликација биде прифатена, преку електронска пошта ќе добиете код за идентификација на корисникот и лозинка. Истите ќе Ви бидат неопходни за да пристапите кон одредени делови од Страната. Овие информации мора да ги третирате како доверливи и не смеете да ги откривате на трета страна.
Потврдувате дека сите детали кои ги доставувате кога добивате статус на регистриран корисник се точни и комплетни. Се согласувате да ја известите ДИСЦИПЛИНА (disciplinadoo@gmail.com) навремено за секоја промена. Доколку правите некоја значителна промена на деталите доставени од ваша страна, должни сте да не известите во период не пократок од 7 (седум) дена од моментот кога промената станува важечка.
Го задржуваме правото да ја оневозможиме секоја лозинка или код за идентификација, независно дали е избрана од Вас или ви е доделена од наша страна во било кое време, ако според наше мислење не се согласува со одредбите од овие Правила.
За да можете да работите на вашата сметка ќе ви биде доделена лозинка. Вие сте одговорни за безбедноста и за правилната употреба на вашата лозинка и вашата сметка, вклучително и сите трошоци настанати од нивно користење. Морате да ја известите ДИСЦИПЛИНА веднаш доколку имате причина да верувате дека вашата лозинка им станала позната некому кој не е авторизиран за нивно користење. Ако имаме оправдано сомнение дека постои веројатност за нарушување или злоупотреба на услугата преку вашата сметка, го задржуваме правото да ја смениме вашата лозинка, а за наведеното ќе бидете соодветно известени.

Останати правила и услови

Вашиот пристап и користење на Материјалите може да подлежи на дополнителни услови и правила, а за евентуалното изменување на Правилата и Условите би биле известени преку електронска пошта.

Комерцијална ре-употреба

Целта на ДИСЦИПЛИНА е да се овозможи полесен пристап до стручните и научно-истражувачките трудови односно да се зголеми нивната достапност до што поголем аудиториум од академската јавност или оние што би биле заинтересирани во областа, а не да остварува профит. Во тој контекст, забранета е секаква форма на комерцијална ре-употреба на Материјалите поставени на Страната.
Заради избегнување на сомнение, комерцијалните употреби вклучуваат, но не се ограничени на:

копирање или симнување на Материјали од ДИСЦИПЛИНА заради понатамошна редистрибуција, продавање или лиценцирање, за надокнада;

копирање, симнување или постирање на Материјали на ДИСЦИПЛИНА од страна на веб-страна или услуга која вклучува рекламирање со таква содржина;

вклучување на содржината на Материјалите од ДИСЦИПЛИНА во други трудови, материјали или услуги (различно од нормално наведување со соодветно цитирање), што е потоа достапно за продавање или лиценцирање, за надокнада;

употреба на содржината на Материјалите од ДИСЦИПЛИНА (различно од нормално наведување со соодветно цитирање) од страна на организации кои остваруваат профит за промотивни цели, независно дали е за надокнада или слично;

употреба на содржината на Материјалите од ДИСЦИПЛИНА со цел финансиска награда преку продажба, лиценца, позајмица, трансфер или друг начин на комерцијална експлоатација.

Доколку сакате да ги користите Материјалите на ДИСЦИПЛИНА на начин што не е дозволен со горенаведената дозвола, морате да го контактирате носителот на авторското право или да ја контактирате ДИСЦИПЛИНА.

Јавен простор и стандарди за содржина

а) Употреба на јавниот простор

На Страната ќе бидат поставени поставени интерактивни области во форма на блогови, wikis, форуми за коментари и слично каде што корисниците може да ги разгледаат темите за дебата и понекогаш да постираат коментари и да прикачуваат материјали на Страната (Јавен простор).
Погледите, ставовите, размислувањата и коментарите изразени на Јавниот простор се на индивидуалните корисници и не се неопходно истите како и на ДИСЦИПЛИНА. Било која содржина, препорака или друга информација во рамки на Јавниот простор може да биде погледната или употребена од вас на ваш сопствен ризик и ДИСЦИПЛИНА не гарантира, во било кој поглед, за точноста или доверливоста на било која информација постирана во Јавниот простор.
Вашето постирање на коментари или материјали во Јавниот простор значи дека се согласувате на овие Правила, вклучително, но и не ограничено на долунаведените Стандарди за содржина.

б) Стандарди за содржина

Овие Стандарди за содржина се однесуваат на било кој дел од придонесот/коментарот, како и на целината. ДИСЦИПЛИНА го задржува правото да одлучи, во наша дискреција, дали придонесот е во согласност со Стандардите за содржина.

Ве замолуваме да НЕ:

Правите повеќекратни коментари. На тој начин ќе можеме да објавиме коментари од што повеќе различни корисници,

Учесниците треба да го ограничат бројот на коментари по дебата на разумно ниво. Повеќекратните коментари од еден корисник, или мал број на корисници, обесхрабруваат многумина други што можеби би сакале да земат учество,

Да правите спам преку ре-постирање на иста порака, или многу слични пораки, повеќе од еднаш,

Изнесувате или се обидете да изнесете во јавност детали за контакт за било кој друг корисник или да ја компромитирате било чија приватност, на било кој начин, и/или

Да употребувате било кое друго име освен вашето bona fide фамилијарно име.


Како дополнување, Ве молиме да не правите придонеси кои:

Се ирелевантни и/или ја намалуваат вредноста на дебатата, бидејќи истите нема да бидат објавени,

Да вклучувате реклами, промоции на продукти или услуги, или линкови до трета страна,

Се на друг јазик освен македонски, и/или

Се со комплетно големи букви.


Понатаму, придонесот мора:

Да биде точен (каде се наведуваат факти),

Да биде автентичен (каде се наведуваат мислења и ставови),

Да биде во согласност со законите кои важат во РМ и во земјата од каде е постиран, и/или

Да биде релевантен.


Придонесот не смее:

Да биде клеветнички кон било кое лице и/или на друг начин да биде незаконски или лажен или пак да има било каква незаконска или измамничка цел или ефект,

Да биде непристоен, навредлив, повикува на омраза, или бунтовност,

Да промовира дискриминација базирана на раса, пол, религија, националност, хендикепираност, сексуална ориентација или возраст,

Да открива име, адреса, телефон, мобилен телефон или број на факс, електронска пошта или било кој личен податок во врска со било кој корисник,

Да ги прекршува авторските права, правото на база на податоци, или трговска марка на било кој друг корисник, и

Да прекршува било каква правна обврска која и се должи на трета страна, како што е договорна обврска или обврска за доверливост.