ВИЗИЈА

Имајќи го во предвид огромниот придонес на научно-истражувачката работа во развојот и унапредувањето на било која сфера во општество, во време на глобализација и седостапност на информациите, никој не може да ја оспори потребата и значењето на управување и менаџирање со знаењето. Нема сомнение дека секое истражување може да донесе придонесе кон напредок во сферата во кое е извршено. Овој напредок може да биде директен: преку имплементација на нови технологии или процеси, или пак индиректен: преку информирање, мотивирање или поттикнување на научно-истражувачките работници. Интернетот и информатичките системи во голема мера може да служат како катализатор на напредокот и постојаното усовршување во било која сфера.

МИСИЈА

Мисијата на ДИСЦИПЛИНА е преку употреба на напредни информациони системи да овозможи ефикасно и ефективно управување и дисеминација на знаењата кои потекнуваат од најразлични истражувачки проекти, да ја промовира научно-истражувачката работа и да прерасне во централно место за научна соработка и споделување на знаења и идеи. Под поимот „истражувачки проекти“, ДИСЦИПЛИНА подразбира секаков вид на научно структурирана идеја, истражување, анализа или синтеза.

ЦЕЛИ

Главна цел на ДИСЦИПЛИНА е да ги мотивира истражувачите и научните работници да овозможат лесна достапност до својата работа. ДИСЦИПЛИНА смета дека нема истражувач кој не би сакал да ги сподели резултатите од своето истражување, анализа, пронајдок или било каков вид на стручен односно научно-истражувачки труд, како за создавање на свесност за истиот, така и за отварање на можности за референцирање, иницирање или продлабочување на научна соработка и слично. Друга, но не помалку важна цел на ДИСЦИПЛИНА е да создаде отворена база на лесно достапни научно-истражувачки трудови, публикации или проекти. За таа цел и во таа насока, ДИСЦИПЛИНА нема да наплатува за прикачувањето односно превземањето на научните публикации туку остава на авторите сами да ја одредат цената на својот труд или пак евентуално да овозможат негово бесплатно превземање. Од цената која ќе биде одредена од страна на самиот автор на трудот, ДИСЦИПЛИНА задржува само колку што е потребно за плаќање на банкарските давачки (провизии при трансакциите).

БЕНЕФИТИ

- Авторите ги задржуваат сите права на трудот. ДИСЦИПЛИНА нема да располага со никакви авторски или било какви други права на трудот или публикацијата која ќе се прикачи.
- Авторите сами ја определуваат цената за симнување на трудот. Ова значи дека имаат можност да остварат профит или да го споделат трудот или публикацијата бесплатно.
- Трудовите се симнуваат под обврските кои произлегуваат од Creative Commons. Ова значи дека секој кој ќе цитира, употребува или парафразира делови од трудот или целиот труд ќе има морална и академска одговорност да го референцира авторот или авторите на трудот или публикацијата.
- Со споделување на презентации, методологии или резултати од трудовите или публикациите, авторите имаат можност за дополнителна зарабoтка.
- Стопанството односно бизнис секторот лесно може да ги идентификува авторите како потребен консултантски ресурс во област на соодветната научно-истражувачка работа.
- Можност за користење на платформата за коментари и консултации во врска со поставените трудови и публикации.
- Можност за лесна идентификација на колеги кои работат на исти или слични научно-истражувачки проекти.
- Можност за помош при техничка обработка на трудови или публикации, нивни преводи, проворирања.
- Следење на календар на огромен број академски случувања, конференции, симпозиуми, одбрани и слично.
- Организирање и промовирање на сертифицирани и несертифицирани едукации и тренинзи.